ПРАЗНИЧНИ ТЕПАЧКИ Напади со нож, закани со оружје, физички пресметки…

Скопјанка со нож ја прободела својата мајка, а исто така била агресивна со останатите членови од семејството и со полицијата.

238

Полициски службеници ноќеска во 00.25 часот во Скопје  ја лишиле од слобода М.Б.(26) од Скопје затоа што во домот со остар предмет и нанела повреди на нејзината мајка и се однесувала агресивно кон членовите на семејството и полициските службеници кои вршеле службени дејствија.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера во 15.20 часот на ул. „Борка Утот“ во Прилеп  го лишиле од слобода М.Т.(32) од Прилеп затоа што физички ја нападнал неговата поранешна 26-годишна сопруга.






По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Полициски службеници од ОВР Кавадарци на 23 април 2022 во 23.55 часот на ул.„Зелен пазар“ во Кавадарци ги лишиле од слобода Б.М.(22) и М.Ј.(29), двајцата од Кавадарци, затоа што околу 23.30 часот оштетиле инвентар во угостиелски објект на истата улица и се обиделе со остар предмет да го нападнат В.Р.(32) од Кавадарци.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.Во СВР Скопје вчера во 7.40 часот  било пријавено дека на ул.„Радослав Петковски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Д.(39) од една страна и К.С.(32) и Д.Д.(22) од друга страна, сите од Скопје.

Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.А.Б.(47) од Скопје ноќеска во 00.01 часот во СВР Скопје пријавил дека вчера во 23 часот на ул.„Јужноморавски бригади“ неговиот син и внук биле физички нападнати од повеќе лица.

Се работи на расчистување на случајот.На 24.04.2022 околу 19.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Борка Јорданоски“ во Прилеп настанала физичка пресметка помеѓу лицата И.К. и Д.Т., двајцата од Прилеп.

По целосно докумнетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 24.04.2022 околу 23 часот во СВР Скопје, Е.С.(49) од Скопје пријавила дека на 23.04.2022 околу 16.30 часто на ул.„376“ нејзината ќерка била физички нападната од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  На 24.04.2022 во 22.10 часот во СВР Битола, А.С.(22) од Битола, со живеалиште во с. Новаци, пријавил дека 19 часот на ул.„Бистра“ во Битола бил физички нападнат од Р.М.од Битола. 

По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.                                На 24.04.2022 во 17.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор А.А.(43) од Скопје физички ја нападнал А.А.(20) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 25.04.2022 во 10 часот во ОВР-Прилеп, Т.С.Т.(34) од Прилеп пријавила дека околу 8.45 часот на новата автобуска станица во Прилеп, таа и нејзиниот сопруг Ф.Т. биле физички нападнати од едно лице- кондуктер во автобус.

Се работи на расчистување на случајот.На 24.04.2022 во 14 часот во Полициската станица Гостивар, Т.Т.(18) од Гостивар пријавил дека околу 5.40 часот на ул.„Живко Брајкоски“ бил физички нападнат од С.И. од Гостивар.

Се работи на расчистување на случајот.На 25.04.2022 во 4.15 часот во ОВР Радовиш, М.В. од Радовиш пријавил дека околу 3.20 часот на улица ,,Илија Алексов“ бил физички нападнат од М.А. од Радовиш.

Се работи на расчистување на случајот.На 24.04.2022 во 13.21 часот во СВР Скопје, Ж.Р.(57) од Скопје пријавил дека околу 13.20 часот на ул.„Доситеј Обрадовиќ“ бил физички нападнат од едно лице.

Се работи на расчистување на случајот.На 25.04.2022 во 3 часот во Полициската станица Кочани, С.С.(35) и З.Н.(39), двајцата од Кочани, пријавиле дека околу 1.30 часот на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, по претходна вербална расправија, Б.С.(35) од Кочани им се заканил со огнено оружје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 23.04.2022 во 11.30 часот во Полициската станица Прилеп, Д.Ј.(37) од Прилеп пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга П.А.(23). Тој се сомнева дека е можно да е во Штип или Скопје, кај нејзини роднини.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Поврзани содржини