ПРАТЕНИЧКИТЕ БАРААТ ЕФИКАСНИ РЕАКЦИИ ПРИ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ Институциите мора да работат заедно за да ги спречат фемицидите

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, а тоа треба да го обезбедат сите институции во државата“, порачуваат пратеничките од Клубот на пратенички во Собранието.

73

Пратеничките од Клубот на пратенички во Собранието упатија заедничка реакција со која апелираат за доследно почитување на законите, како и за навремена и ефикасна реакција на институциите во случаите на насилство врз жените, особено при спречување и превенција на фемицидот.

„Ние едногласно ги поддржавме измените на Кривичниот законик со кои фемицидот се препознава и се третира како кривично дело. Бараме од надлежните институции да ги преземаат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот“, се вели во заедничката изјава.






Пратеничките остро ги осудија зачестените случаи на свирепо насилство врз жени и на фемицид. Оценија дека е неопходна целосна и сериозна ангажираност на сите релевантни институции.

„Фемицидот е најтежок облик на насилство врз жените само затоа што се жени. Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, а тоа треба да го обезбедат сите институции во државата“, порачуваат пратеничките.

Во реакцијата се посочува и дека судските органи мора да ја земат предвид Истанбулската конвенција, која е веќе ратификувана, како и измените во Кривичниот законик, кои се усогласени со оваа меѓународна обврска.

Поврзани содржини