ПОЗНАТИТЕ РАКОМЕТНИ СУДИИ СИ ДАДОА ОСТАВКИ Велат дека судиската фела доживува понижувања и неправди
Не можејќи веќе да трпиме неправди и понижување во нешто што пола живот имаме вложено со срце и љубов, решивме неотповикливо да се повлечеме и да ставиме крај на нашите кариери, несакајќи да допринесуваме и учествуваме во нешто што веќе не личи на спорт и е далеку од фер плеј, се вели во заедничкото соопштение на судиите.
Македонската судиска двојка, ракометните судии Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски, денеска испратија соопштение до медиумите во кое најавија повлекување од активното судење. Според информацијата потпишана од судиската двојка, главната причина за предвременото завршување на судиските кариери е континуираното понижување на судиската фела, неправдите и понижувањата кои ги доживуваат.
„Поради сите актуелни заткулисни игри, исполнување на желби на сите клубови, константно понижување на судиската фела, а посебно на нас како долгогодишна судиска двојка која зад себе има незанемарлив број на меѓународни натпревари и европски првенства (да не зборуваме колку дерби натпревари што ги решавале првенствата и куповите на Македонија), не можејќи веќе да трпиме неправди и понижување во нешто што пола живот имаме вложено со срце и љубов, решивме неотповикливо да се повлечеме и да ставиме крај на нашите кариери, несакајќи да допринесуваме и учествуваме во нешто што веќе не личи на спорт и е далеку од фер плеј“, се вели во заедничкото соопштение на судиите.