ПОЗНАТИОТ ЗИГИ СЕ ВРАЌА ОД ПЕНЗИЈА И ОДИ ВО ПОТРАГА ПО ДАНКА! Бараше луѓе под урнатините во Турција, сега оди во Бор
По разорниот земјотрес во Турција, Зиги помогна во пронаоѓањето на закопаните и е специјално обучен за овие работи.
Кучето за спасување од урнатините и потрага по луѓе, Зиги вечерва од Нови Сад со пожарникарите заминува во Бор за да се вклучи во потрагата по малата Данка, пренесуваат српските медиуми.
Да потсетиме, по разорниот земјотрес во Турција, Зиги помогна во пронаоѓањето на закопаните и е специјално обучен за овие работи.
А учествуваше и во потрагата по девојчето кое во 2019 година беше киднапирано од Нинослав Јовановиќ, попознат како Малчанскиот бербер. Минатата година се „пензионираше“ и сега живее како „обичен миленик“.
Да потсетиме, Данка Илиќ (2) исчезна во вторникот во 13 часот и 45 минути кога нејзината мајка му давала вода на друго дете.
Носеше виолетови панталони, маслинесто сако, а косата и беше врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавена килибарна тревога наречена „Најди ме“.