Познати протоколите за работа на кошаркарските клубови во време на пандемија

Согласно протоколите, тренинзите и натпреварите во рамките на кошаркарските натпреварувања, ќе се одвиваат без присуство на публика.

232

Кошаркарската федерација ги објави протоколите за работа на клубовите во време на пандемијата на коронавирусот, како начин за превенција и заштита од ковид-19, кои беа донесени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Согласно протоколите, тренинзите и натпреварите во рамките на кошаркарските натпреварувања, ќе се одвиваат без присуство на публика. Ќе има ограничен пристап на терените, а сите официјални лица, со исклучок на кошаркарите на терен, ќе мора да носат заштитни маски.






Сите кошаркари/ки и членови на кошаркарските тимови ќе мора да се тестираат најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварувањето, a по потреба и дополнително.

Протоколите за работа на кошаркарските клубови може да ги погледнете на следниот линк.

Поврзани содржини