Убавата ифлуенсерка од Тексас, Алексис Шаркеј (26), е пронајдена мртва, откако исчезнала еден ден по американскиот празник „Денот на благодарноста“.
Нејзиното голо тело го пронашле работниците за градско чистење покрај улица во Хјустон, откако ги забележале нејзините нозе како ѕиркаат од грмушките. Нејзината мајка за американските медиуми изјави дека Алексис исчезнала откако на „Денот на благодарноста“ се скарала со засега неидентификувано лице.
Инфлуенсерката, која на Инстаграм ја следеа повеќе од 71.000 луѓе, немала видливи повреди на нејзиното тело.
Кога исчезнала, не го возела својот автомобил, а нејзината мајка рекла дека последен пат се слушнала со пријателите околу 18 часот на денот на нејзиното исчезнување.
Нејзиното безживотно тело е пронајде по пет дена потрага, во Хјустон, Тексас.
Нејзината мајка Стејси за медиумите изјавила дека верува дека нејзината ќерка е убиена.
„Со скршено срце, јас и Мајк сакаме да ве известиме сите вас, дека телото на Алексис е пронајдено“, напиша мајката на трагично починатата инфлуенсерка на својот Фејсбук профил.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram