ПОЗНАТ БУГАРСКИ ПОЛИТИЧАР СИ ЗАМИНУВА ОД СЦЕНАТА Нема амбиции да биде лидер

Петков на Фејсбук објави дека мирно поднесува оставка и оти нема да се кандидира за нови лидерски позиции во септември, кога партијата Продолжуваме со промената ќе избере ново раководство на Генералното собрание.

1,011

Поранешниот бугарски премиер и пратеник од Продолжуваме со промената, Кирил Петков денеска поднесе оставка.

Претходно Петков на Фејсбук објави дека мирно поднесува оставка и оти нема да се кандидира за нови лидерски позиции во септември, кога партијата Продолжуваме со промената ќе избере ново раководство на Генералното собрание.






Тој додаде дека ќе остане член на партијата и ќе има средби со граѓаните „не како нивен лидер туку како еден од нив“.

Петков минатата недела најави повлекување од функцијата копретседател на Народна партија и оти ќе поднесе оставка како пратеник, преземајќи одговорност за партиските кадри чии имиња беа вмешани во корупциски скандал.

Поврзани содржини