📽️ ПОЖАРОТ БЕСНЕЕШЕ И ГИ ЗАФАТИ СТАНОВИТЕ, ЗГРАДАТА ЕДВАЈ СЕ ГЛЕДА Се запали кафуле во Белград, нема повредени
За среќа нема повредени во пожарот, но причинета е материјална штета. Станарите панично бегале надвор, а сите биле прегледани, и никој нема тешки повреди.
Во пожар кој избувнал во кафулето „Прајм“ во Нов Белград, биле зафатени и становите во станбената зграда, јавува Н1.
За среќа нема повредени во пожарот, но причинета е материјална штета. Станарите панично бегале надвор, а сите биле прегледани, и никој нема тешки повреди.
Пожарот брзо се проширил, а противпожарната служба брзо реагирала и го изгасила.
Првите три ката се тешко оштетени, прозорците се испукани вертикално, а климата на 9-ти кат е изгорена.
Како што претходно соопштија од противпожарната служба, искршени се многу стакла во зградата, а сега се проверуваат становите за да не остане никој во нив.
View this post on Instagram
Среќа е и што плинските боци, кои биле во кафулето, не биле зафатени од пожарот.
#pozar #nbgd #beograd pic.twitter.com/Oe7ByXyEHf
— Miljan L (@migsaaa1) June 24, 2024