Пожарите во Турција голтнаа 8 човечки животи

Во Турција се изгаснати 152 пожари, а напорите за гаснење на уште 11 продолжуваат - изјави министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли.

173

Најмалку осум лица загинаа во пожарите во Турција, што избија во 38 провинции од минатата среда.

– Во Турција се изгаснати 152 пожари, а напорите за гаснење на уште 11 продолжуваат – изјави министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли.






Тој рече дека 16 авиони, девет беспилотни летала, 51 хеликоптер, еден дрон, 155 парчиња градежна опрема и 5.200 луѓе се борат со огнот.

Пакдемирли информира дека се погодени 2.219 земјоделци во пет провинции, 18 окрузи и 78 села.

Во Мармарис е забележана рекордна температура на воздухот од 45,5 степени Целзиусови.

– Претходниот рекорд беше 45,2 степени, во јули 1988 година – додаде министерот Пакдемирли.

Според него, екипите испратени да го изгаснат пожарот во областа Манавгат во Анталија добро напредуваат.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на заедничката прес -конференција во областа Мармарис, во јужна Турција, рече дека поради пожарот се евакуирани 16.603 жители од 3.219 домаќинства во 28 населени места.

Поврзани содржини