ПОЖАР ВО КРИВОПАЛАНЕЧКО Гори борова шума и сува трева

Според информациите на ЦУК, во текот на вчерашниот ден се изгаснати 33 пожари. 

54

Сува трева и борова шума од рано утринава гори кај селото Градец, а на  местото интервенираат пожарникарите од Крива Паланка, информира Центарот за управување со кризи.

Оттаму апелираат до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено и да не палат отпадоци дури и во нивните дворови, бидејќи ветерот многу лесно може огнот да го пренесе на околната вегетација којашто е сува и многу нарасната.






Според информациите на ЦУК, во текот на вчерашниот ден се изгаснати 33 пожари. 

Поврзани содржини