ПОЖАР ВО БОРОВЕЦ, ЕДЕН ЧОВЕК ПОВРЕДЕН Евакуиран трговски објект
Од управата на туристичкиот комплекс додале дека персоналот од трговскиот објект е навреме евакуиран и нема други повредени.
Еден човек е повреден при пожар во трговски објект во туристичкиот комплекс Боровец, соопшти Областната дирекција на МВР во Софија, согласно БТА. Тој е пренесен во болница во Софија со изгореници на нозете.
Алармот за пожарот бил пријавен околу 12:30 часот. На лице место биле испратени екипи на полицијата и пожарната служба. Пожарот е изгаснат, а следуваат увид и утврдување на причините за неговото настанување.
Од управата на туристичкиот комплекс додале дека персоналот од трговскиот објект е навреме евакуиран и нема други повредени.