🎥 ПОЖАР ИЗБУВНА ВО РЕСТОРАН ВО ЛИСИЧЕ Брзата интервенција на пожарникарите спречи поголема трагедија

Во моментов не се познати причините за избувнувањето на пожарот, а надлежните најавуваат истрага за утврдување на околностите кои довеле до инцидентот.

3,525

Доцна синоќа, во скопската населба Лисиче, избувна пожар во објект лоциран во близина на ресторанот „Калај“. Огнената стихија зафати дел од објектот, предизвикувајќи значителна материјална штета, но, за среќа, нема пријави за повредени лица.

Благодарение на навремената интервенција на противпожарната единица, пожарот бил ставен под контрола по неколку часа борба со пламените јазици. На терен интервенираа неколку екипи на Противпожарната бригада на Скопје, како и припадници на полицијата кои го обезбедуваа просторот и го регулираа сообраќајот околу критичната зона.






Во моментов не се познати причините за избувнувањето на пожарот, а надлежните најавуваат истрага за утврдување на околностите кои довеле до инцидентот.

 

 

 

 

 

Поврзани содржини