Познатиот холивудски актер и ѕвезда на култната серија „Пријатели“, Метју Пери (50) ги шокираше сите со својот изглед откако излезе од карантин, во кој беше два месеца за време на пандемијата на коронавирусот.
Актерот беше фотографиран пред неговиот дом во Малибу, Калифорнија, минатиот викенд. Метју изгледа тотално непрепознатливо, а обожавателите велат дека тој изгледа „како некој дедо“.
Метју, кој се прослави со улогата на Чендлер Бинг, отишол со автомобилот во локалната аптека и притоа ги покажа екстра вишокот килограми што ги наталожил во изолацијата, а особено се здебелил во лицето, градите и стомакот.
Воедно, Метју изгледал и многу изморено, а показалецот на десната рака му бил целосно жолт од цигарите, што ги шокираше сите обожаватели кои ја видоа оваа фотографија и кои се загрижени за неговото здравје.
Метју Пери долги години се бореше со зависностите.
FOTO: Tviter