Повредени, уништени возила и куќи! Кикс на полицијата во обидот да детонира нелегален огномет (ВИДЕО)
Началникот на полицијата во Лос Анџелес, Мишел Мур, на прес-конференција рече дека полицајците пронашле неколку тони нелегален огномет и импровизирани експлозивни направи во една куќа, што тој ги опиша како нестабилни.
Полицијата во Лос Анџелес се обиде да активира неколку тони нелегален огномет. Следеше експлозија во која беа повредени повеќе од 17 лица, вклучително и полицајци.
Според „ЛА Тајмс“, полицискиот оддел во Лос Анџелес се обидел на безбеден начин да активира запленети импровизирани експлозивни направи и неколку тони нелегален огномет, но благо речено, тие биле неуспешни.
Експлозија во станбена област на Лос Анџелес
Експлозијата одекна во станбената зона, при што беа оштетени куќи и автомобили, а камионот во кој беше илегалниот огномет, беше сериозно оштетен.
Снимките од експлозијата и нејзините последици се шират на социјалните мрежи.
Началникот на полицијата во Лос Анџелес, Мишел Мур, на прес-конференција рече дека полицајците пронашле неколку тони нелегален огномет и импровизирани експлозивни направи во една куќа, што тој ги опиша како нестабилни.
Одделот за експлозија потоа ги премести сите запленети експлозиви и огномети во железната комора во специјално возило наменето токму за транспорт на ваков материјал.
Катастрофален неуспех
Полицијата активираше нелегален огномет верувајќи дека комората и возилото ќе можат да ја спречат експлозијата, но „имаше катастрофален неуспех“.
– Сè беше направено според протоколи за вакви ситуации, но очигледно се случи нешто во возилото што не требаше да се случи. Не знаеме зошто, но ќе дознаеме – рече Мур.
Девет полицајци и еден федерален агент од Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви се повредени во несреќата. Шест цивили се пренесени и во болницата – тројца со сериозни повреди и тројца со полесни.