Сообраќајот на автопатот Скопје -Тетово вечерва се пренасочува по по стариот пат за Желино поради сообраќајка која се случила после 18 часот. Две возила се судриле во близина на Требошки натпатник, а повредени се четири лица.
– Околу 18 часот во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на Требошки надвозник, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила, „ауди“со тетовски регистарски ознаки управувано од 20-годишниот Ќ.Р. од тетовско Седларево и „фолксфаген голф“ со кичевски ознаки што го управувал 64-годишниот А.Р. од Кичево. Во несреќата, четири лица (сопатници) од „голфот” задобиле телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница – информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.