ПОВРЕДЕН РАБОТНИК НА АВТОПАТОТ ГОСТИВАР – КИЧЕВО Турски државјанин пренесен во скопска болница

Несреќата се случила за време на работни активности на терен за приватна фирма која изведува работи на делницата.

121

46-годишниот М.А. од Република Турција се здобил со повреди додека извршувал градежни работи на автопатот Гостивар–Кичево, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Од приватна болница во Скопје во СВР Скопје пријавиле дека повредениот работник бил донесен во установата на 17 септември 2025 година околу 15:55 часот. Според досегашните информации, несреќата се случила за време на работни активности на терен за приватна фирма која изведува работи на делницата.






„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.

Поврзани содржини