Повеќе од 30 дрвја се украдени покрај новоизградениот булевар во Бутел
Како што соопштија од град Скопје, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ја санирале штетата и посадиле нови дрвја на истата локација.
Од Град Скопје информираат дека во изминативе денови се украдени повеќе од 30 дрвја покрај новоизградениот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел.
– Станува збор за садници кои се засадени во рамки на акцијата за садење над 15.000 листопадни и зимзелени садници, грмушки, перени и топијари оваа есен во Скопје – велат од Градот.
Како што соопштија од град Скопје, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ја санирале штетата и посадиле нови дрвја на истата локација.
Оттаму велат дека ова е еден од честите случаи за оштетување и уништување на јавните добра во Градот, а истиот е пријавен во МВР.