Потврдени уште 19 заболени, вкупно 67 во Македонија

1,658

Бројката на новозаболени до 10 часот е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67, соопшти денеска Министерството за здравство кое информира дека вчера попладне и во текот на ноќта преку ИЈЗ на коронавирус биле тестирани 71 лице.

Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија, кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија.






Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.

На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот.

Поврзани содржини