ПОТВРДЕН НОВ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ ВО ФРАНЦИЈА Не се знае колку е заразен и опасен

Вирусолозите успеале да утврдат дека овој сој е „круна“ на познатите мутации  N501Y и E484K. За овие промени познато е дека вирусот силно се поврзува со човековите ќелии, односно лесно и брзо се шири.

1,650

Во Франција e потврден нов сој на коронавиус. Сојот  B.1.640.2  е потврден на почетокот од декември кај едно лице кое дошло до Камерун. Со овој сој заболени се 12 лица на југот од Франција, објави Дојче веле.

За сојот не се знае ништо, освен дека има 46 мутации, што е повеќе од кај омикрон каде има 37 промени на генетскиот материјал.






Вирусолозите успеале да утврдат дека овој сој е „круна“ на познатите мутации  N501Y и E484K. За овие промени познато е дека вирусот силно се поврзува со човековите ќелии, односно лесно и брзо се шири.

Поради малиот број случаи сепак не може да се утврди попрецизно колку новиот сој е заразен и опасен.

Поврзани содржини