🎥📷 ПОТРЕС ПРЕД ДЕРБИТО ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Силен земјотрес го погоди Неапол

Епицентарот бил на околу 9 километри од центарот на Неапол, според неофицијални информации бил предизвикан од вулканска активност.

2,029

Силен земјотрес го потресе Неапол на неполни 24 часа пред големото дерби во Лигата на шампионите меѓу Наполи и Реал Мадрид што треба да се одигра вечерва.






Епицентарот бил на околу 9 километри од центарот на Неапол, според неофицијални информации бил предизвикан од вулканска активност. Потресот се почувствувал околу 22:00 часот и според метереолошките извештаи, бил со јачина од 4 степени, што е втор најсилен земјотрес во овој град во последните 40 години.

Опсерваторијата во Неапол по главниот потрес регистрирала уште осум помали земјотреси во наредните 15 минути.

Според објавите на социјалните мрежи од земјотресот се оштетени неколку објекти, но засега нема информации за повредени или евентуални жртви.

Поврзани содржини