ПОТРЕБНО Е НИВЕЛИРАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ Мицкоски најавува нови закони кои ќе донесат фер плати во сите сектори
Мицкоски додаде дека потребни се параметри според кои може да се види точно каква е состојбата во Буџетот. И така ВМРО-ДПМНЕ врз основа на тие параметри ќе каже што може граѓаните да очекуваат.
Нашата Влада ниту има капацитет, ниту има знаење, а ниту пак визија за економијата“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто дадено за Република.
– Нема да биде сериозно ако сега кажам видете што сакате вие – нема проблем, само гласајте за мене, вие што сакате – нема проблем гласајте за нас. Многу внимателно приоѓаме бидејќи информациите што до нас се достапни, состојбата во Буџетот е алармантна, би рекол катастрофална – нагласи Мицкоски.
Тој посочи дека според информациите кои што се достапни на партијата може да се увиди дека состојбата во Буџетот е алармантна и катастрофална.
– Во која смисла е алармантна и катастрофална? Во смисла дека покрај тоа што има многу криминал, многу сива економија и приливите не се онака како што се планира и посебно во делот на данокот за додадена вредност – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
– Но, секако можам да ветам дека ќе биде многу поправично и многу пофер за сите целни групи, за сите буквално, и за јавната администрација, и за вработените во судовите, и за пензионерите, и за младите, и за бизнисмените, и за работниците во МВР, за работниците. Буквално за сите целни групи ќе имаме многу пофер пристап од тоа што е денеска – порача Мицкоски.
Мицкоски додаде дека потребни се параметри според кои може да се види точно каква е состојбата во Буџетот. И така ВМРО-ДПМНЕ врз основа на тие параметри ќе каже што може граѓаните да очекуваат.
– Потребно е да се донесе закон во кој што ќе има јасно нивелирање на примањата на функционерите. Треба тоа да биде достоинствено имајќи в предвид одговорноста што ја имаат, но не треба да биде толкава разликата колкава што е сега – укажа Мицкоски.
– ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе закон кој што ќе биде фер, закон кој што ќе ги намали примањата од оваа сума која што е сега – порача Мицкоски.