ПОТРЕБНИ СЕ СТАБИЛНИ РЕЗЕРВИ Путин најави забрана за извоз на жито од претстојната реколта

Лидерот на Руската Федерација додаде дека е тешко да се предвиди што ќе се случи во 2023 година и дека поради оваа причина Русија треба да зачува стабилни резерви.

159

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека треба да се спречи целокупниот извоз на претстојната жетва на жито бидејќи на земјата и се потребни стабилни резерви.

– Иако има потреба да се обезбедат финансиски резултати на компаниите кои работат во агробизнис сферата, не можеме да дозволиме се да се извезе во странство. Побарувачката ќе биде голема и веќе постои, и покрај сите логистички, товарни и осигурителни ограничувања. Дефинитивно ни треба резерви за кои не ги знаеме резултатите од земјоделските перформанси во 2023 година – рече Путин, пренесува ТАСС.






Лидерот на Руската Федерација додаде дека е тешко да се предвиди што ќе се случи во 2023 година и дека поради оваа причина Русија треба да зачува стабилни резерви.

Поврзани содржини