ПОТРЕБНИ СЕ НОВИ АВИОЛИНИИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА Николоски го покрена прашањето во разговор со црногорскиот амбасадор

Сега директна авиолинија има меѓу Скопје и Подгорица, главниот град на Црна Гора и до туристичкиот град Тиват.

190

Владата планира да воведе нови авиолинии до Црна Гора. Прашањето денеска било покренато и на средбата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски средба со амбасадорот на Црна Гора во земјава, Зоран Миљаниќ.

Со тоа, како што соопштија од Министерството за транспорт ќе се подобри поврзување меѓу двете земји.






Сега директна авиолинија има меѓу Скопје и Подгорица, главниот град на Црна Гора и до туристичкиот град Тиват.

За време на разговорот, вицепремиерот го запозна амбасадорот Миљаниќ со инфраструктурните проекти како и со реформските процеси што се спроведуваат во насока на исполнување на европската агенда, притоа била истакната силната инвестициска активност во изградба и модернизација на меѓународните коридори, кои имаат силно влијание врз регионалниот развој и соработка.

На средбата се разговарало и за зголемување на економската соработка, трговската размена како и соработката во туризмот.

– Со амбасадорот разговаравме за подобрување на билатералните односи особено за можноста за воспоставување на авио поврзување меѓу двете земји.  Исто така отворивме теми и за унапредување на трговската соработка, туризмот и се што е во интерес на  двете земји. Црна Гора е наша пријателска земја и очекуваме дека во име на таквиот партнерски однос, соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период – изјавил Николоски.

Двајцата соговорници се согласиле на интензивирање на  понатамошната соработка, посебно во делот на зголемување на економските односи меѓу Македонија и Црна Гора.

Поврзани содржини