📷 ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАЛАВИ ЗАГИНА НО АВИОНСКА НЕСРЕЌА Нема преживеани во падот на авионот

Според првичните сознанија, причина за несреќата биле лошите временски услови.

710

Потпретседателот на Малави, Саулус Чилима и уште 9 лица загинаа во авионска несреќа, соопшти претседателот на јужноафриканската земја, Лазарус Чаквера.

Летот со потпретседателот Саулос Чилима, уште 6 патници и 3 членови на екипажот исчезнал од радарите откако вчераутро го напуштил главниот град Лилонгве. Во потрагата учествувале стотина војници, полицајци и шумски ренџери, објави Скај њуз.






– Тимот за пребарување и спасување го пронашол авионот во близина на ридот. Тие го нашле целосно уништен без преживеани.  – изјави претседателот Чаквера.

Според првичните сознанија, причина за несреќата биле лошите временски услови.

Контролорите на летање соопштиле дека авионот се обидел да слета на аеродромот Мзузу поради лошите временски услови и слабата видливост, а пилотот побарал дозвола да се врати во Лилонгве од каде што полетале.

Поврзани содржини