ПОСТОИ ШАНСА МЕСИ ДА СЕ ВРАТИ ВО БАРСЕЛОНА Проценка на неговиот некогашен соиграч Иниеста

Враќањето во Барселона не е лесно, но Лео може да се врати, постои можност за такво нешто, рече поранешниот шпански репреентативец.

120

Фудбалерот на јапонски Кобе и поранешен член на Барселона, Андрес Иниеста, изјави во разговор за аргентинската телевизија TyC дека Лионел Меси би можел да се врати во редовите на каталонскиот гигант.

Иниеста и Меси беа 14 години клупски колеги во Барселона. Шпанецот во 2018 година замина во Јапонија, додека Аргентинецот во 2021. Прејде во француски ПСЖ.






– Поранешниот Меси и денешниот Меси се поинакви од сите други. Тој е број еден, изјави Иниеста.

– Враќањето во Барселона не е лесно, но Лео може да се врати, постои можност за такво нешто, додаде поранешниот шпански репреентативец.

Поврзани содржини