ПОСТОИ ЛИ ИНСТИТУЦИЈА КОЈА МОЖЕ ДА ГО СПРЕЧИ МЕРКО? Судиите и обвинителите избрани во Зајас и во Струмица го штитат криминалот на СДСМ и на ДУИ, обвини ВМРО-ДПМНЕ

САД го ставија Рамиз Мерко на американската црна листа поради значајна корупција, но и тоа не им е доволно на судиите и обвинителите клиентелисти  на Заев и Ахмети, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

200

Судиите и обвинителите избрани во Зајас и во Струмица се заштитници на криминалот на СДСМ и на ДУИ, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„За Мерко само парична казна за незаконско поставување директори во неколку училишта, осуден е само на парична казна од 100 дневни глоби од по 100 евра или вкупно 10.000 евра. Ова доаѓа откако минатата недела истиот судија го прогласил Мерко за невин за набавката на луксузното ауди А6 од 67.000 евра и уште три други автомобили со вкупна вредност од 114.000 евра. Функционерите на СДСМ и ДУИ прекршувале законски прописи, ги урнисаа институциите но и покрај тоа влакно не им фали, и додека расипнички се однесувале кон државата и институциите енормно се обогатија врз грбот на граѓаните. САД го ставија Рамиз Мерко на американската црна листа поради значајна корупција, но и тоа не им е доволно на судиите и обвинителите клиентелисти  на Заев и Ахмети. Олицетворение на правосудниот колапс е Рамиз Мерко, чии судски предмети чудесно застаруваа или беа сторнирани. Пресудите за Рамиз Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица. Легитимно се поставува прашањето дали постојат институции да го спречат Мерко?“, наведено е во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини