Постои голем ризик роднини да помагаат при лекувањето во болница

530

Министерот Венко Филипче одговорајќи на новинарско прашање на барањата на членови на семејствата со заштитна опрема да се вклучат во помошта на пациентите во болниците при нивното лекување рече дека ова е патологија со која што мора да се биде многу повнимателни.

– Сепак ова е еден одреден ризик. Мобилизирани се сите медицински лица од сите болници и сите посветено работат на оваа патологија со ковид-19 пациенти. Кај нас има и историја наназад, обично семејствата биле во болниците со пациентите, не само со ковидот, туку и прехтодно, меѓутоа ова е патологија која што мора да бидеме малку повнимателни – изјави Филипче.

Поврзани содржини