ПОСТЕЛЕ ДО СМРТ ЗА ДА СЕ СРЕТНАТ СО ИСУС! Откопани 47 тела на имот на секта во Кенија
Дојавата од граѓаните ја поттикнала полицијата да изврши рација во комплексот на свештеникот Мекензи, каде што пронашле 15 изнемоштени лица, а откопале голем број трупови.
Телата на 47 припадници на религиозниот култ „Добри вести“ во Кенија се пронајдени во плитки гробови, a нивниот водач, пасторот Пел Мекензи Нтенге, кој ги поттикнал на долготраен исцрпувачки пост, е уапсен и против него ќе се води судска постапка. Полицијата успеа да спаси вкупно 15 изгладнети следбеници на оваа секта, но 4 подоцна починале.
Полицијата побара од судот да дозволи подолго да го задржуваат Мекензи во притвор додека трае истрагата за смртта на неговите следбеници, уверена дека може да има уште мртви на имотот на пасторот.
Дојавата од граѓаните ја поттикнала полицијата да изврши рација во комплексот на свештеникот во местото Малинди, каде што пронашле 15 изнемоштени лица. Следбениците рекле дека гладувале по упатствата на свештеникот за „да се сретнат со Исус“.
Шефот на полицијата во подокругот Малинди, Џон Кембои, рече дека сè уште треба да се ископаат плитки гробници на земјиштето што му припаѓа на пасторот Пол Мекензи, кој беше уапсен на 14 април. На полицијата ѝ било кажано дека има десетици плитки гробници низ фармата на Мекензи, а копањето започнало во петокот.
Мекензи штрајкувал со глад во последните четири дена додека е во полициски притвор.
Свештеникот претходно бил апсен два пати, во 2019 година и во март годинава, во врска со смрт на деца. Секој пат бил пуштан со кауција, а двата случаи сè уште сѐ во постапка на суд.
47 dead bodies have been discovered in shallow graves by the Police in Malindi, Kenya, after Pastor Paul Mackenzie Nthenge told his members to starve themselves to death to see Jesus.”
15 other members were rescued by Police officers in the forest last week. pic.twitter.com/K2q9jJlzIY
— Africa Facts Zone (@AfricaFactsZone) April 23, 2023