ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ ЗА ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ Утре ќе се одржи опело во црквата што ја изгради неговото семејство

Во црквата изградена под киторство на семејството Чифлиганец, опело ќе служат свештени лица предводени од поглаварот на МПЦ - ОА, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

512

Посмртните останки на трагично загинатиот Душко Чифлиганец утре (среда) од 14 часот ќе бидат изложени во православниот храм „Свети Јован Крстител“ кај мостот Близнаци во Општина Аеродром.

Во црквата изградена под киторство на семејството Чифлиганец, опело ќе служат свештени лица предводени од поглаварот на МПЦ – ОА, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.






Семејството Чифлиганец изразува огромна благодарност за изразеното сочувство од многубројните граѓани, пријатели, роднини и соработници од Македонија и надвор од државните граници.

Визионер и потписник на големи проекти 

Групацијата Адора Бизнис соопшти дека на 3 август 2025, на 32 години, почина нејзиниот заменик претседател, Душко Чифлиганец (1993–2025), во спортска сообраќајна несреќа.

„Душко беше визионер и лидер со јасна цел – раст, иновации и човечност. Под негово водство, Адора се прошири во енергетика, акционерство, хотелиерство и фасилити“, наведоа од Групацијата.

Душко беше дипломиран економист на American University in Dubai, a кариерата ја почнаl со сопствена компанија за здрава исхрана.

Негов потпис носат проекти како што се: Adora Flatiron Skopje (2017), Diamond Garden by Adora (2018), 21st Century Zlatibor Residence & Spa (2023) и Влез на Адора во енергетика (2021).

„Во 2024 започна голем проект во Љубљана, Словенија, со цел проширување во Европа, но за жал не успеа да го доврши. Започна со основање инвестициски фонд и остави трага на Вол Стрит преку Prime Capital by Adora, прва македонска компанија акредитирана од New York SEC“, рекоа од Групацијата.

„Пред сè, треба да бидеме луѓе“

Филантропски, преку партнерство со Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, Душко Чифлиганец помогна во отворање детска градинка во Златибор.

Покрај деловниот успех, Душко беше и страстен спортист – добитник на бројни награди во мото спортот, вклучувајќи и европска титула, со што ја направи Македонија горда на меѓународната сцена.

Ќе остане запаметен по неговите зборови: „Пред сè, треба да бидеме луѓе.“

Душко беше добар човек, сакан син, брат, пријател и визионер.

„Почивај во мир. Засекогаш ќе недостасуваш“, додадоа од Групацијата.

 

„Секоја ноќ бидете благодарни за тоа што било, и секое утро за тоа што ќе биде. Секој ден во кој се будиме здрави, е нова шанса за љубов, среќа и животот што го посакуваме. Добрата мисла, мирниот ум и спокојот, нека Ве водат низ животот. Споделете ја љубовта со луѓето кои ги сакате и бидете блиску до нив. Верувајте во Бог, тој секогаш знае најдобро. Амин.“
– Душко Чифлиганец

 

Поврзани содржини