ПОСЛЕДНИ ДВА ДЕНА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ГРАЃАНСКА ОБВРЗНИЦА Аукцијата е закажана за 12 декември

Понудите се доставуваат во деловните банки во земјава. Износот на една граѓанска обврзница којашто граѓаните можат да ја запишат е 10.000 денари.

766

 Граѓаните можат да запишат граѓански обврзници од третата емисија во деловните банки во земјава уште два дена, односно денеска и утре, информира Министерството за финансии.

Понудите се доставуваат во деловните банки во земјава. Износот на една граѓанска обврзница којашто граѓаните можат да ја запишат е 10.000 денари.






Аукцијата е закажана за 12 декември.

Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Купонската каматна стапка изнесува 4,5%, а рочноста на обврзницата е 2 години.

Датумот на достасување на обврзниците од оваа емисија е 19 декември 2027 година, а каматата за исплата достасува за првата година на 19 декември 2026 и за втората година на 19 декември 2027 година.

 Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска деновиве изјави дека интересот за граѓанската  обврзница е поголем од очекуваното.

 

Поврзани содржини