ПОРАНЕШНИОТ ТАПАНАР НА „БИЈЕЛО ДУГМЕ“ ИМА СЕПСА Состојбата на музичарот е сè полоша

Неговата сопруга Сузана вчера побара помош на социјалните мрежи.

805

Поранешниот тапанар на „Бијело дугме“, рокерот Милиќ Вукашиновиќ, кој неодамна имаше итна операција на ногата на Ургентниот центар во Белград, каде му се закануваше дури и ампутација, поради проблеми со дишењето повторно заврши на клиниката, на одделението за општа интензивна нега во Ургентниот центар, пишува српски „Курир“.

– Имам проблем со дишењето, како пред смрт. Порано имав огромна маска со кислород, а сега имам помала. Сè уште сум на клиника и за мене се грижат тројца лекари – изјави рокерот за „Курир“.






Неговата сопруга Сузана вчера побара помош на социјалните мрежи.

„Дали има доктор кој работи во Ургентно (Општа интензивна нега) итно да ми се јави“, напишала Сузана на Твитер.


Како што сега дознава „Курир“, состојбата на Милиќ е сè полоша.

Рокерот има сепса, додека лекарите даваат сè од себе и ја пружаат неопходната помош.

Да потсетиме, пред еден месец, рокерот итно оперираше аневризма.

 

ФОТО: Принтскрин/Ало

 

Поврзани содржини