Поранешниот италијански вицепремиер удри по ЕУ: Тоа не е Унија, туку легло на змии!

Тој дури се заканил и дека неговата земја ќе ја напушти Унијата откако ќе се справи со пандемијата.

1,701

Поранешниот вицепремиер на Владата во Италија, Матео Салвини, не бирал зборови како да ја нападне Европската Унија поради тоа што го одолговлекувала носењето мерки за надминување на последиците од опасниот коронавирус.

– На Европската Унија ѝ се потребни дополнителни 15 дена за да одлучи што ќе прави и како ќе им помага на земјите кои најмногу настрадаа од пандемијата. Луѓето денеска можеби умираат од Ковид-19, но утре ќе умираат од сиромаштија – изјавил Салвини за италијанскиот портал „Ansa.it“.






Тој дури се заканил и дека неговата земја ќе ја напушти Унијата откако ќе се справи со пандемијата.

– Тоа не е Унија, туку легло на змии. Најпрво ќе го победиме вирусот, а дури потоа ќе размислуваме за Европа. Ако биде потребно, тогаш ќе се збогуваме од Унијата – рекол Салвини.

Поврзани содржини