ПОРАКИ ОД ЕСНАФОТ Автоиндустријата загрозена од коронавирусот

На ниво на автомобилска индустрија се очекува намалување на производството за 26-30% поради намален интерес за купување на нови возила и случувањата на капиталните пазари,

489

Резултатите од анализата на автомобилската индустрија во Европа покажаа дека сите производители во ЕУ на период од минимум 6 недели ќе бидат затворени за работа, што ќе се рефлектира и на нашите фабрики кои ќе мора да стават клуч, а враќањето назад ќе предизвика намалување на очекуваните планови за 10%.

На ниво на автомобилска индустрија се очекува намалување на производството за 26-30% поради намален интерес за купување на нови возила и случувањата на капиталните пазари, особено падот на акциите како основен извор за финансирање на компаниите во Европа, а ваквиот тренд може да потрае и во наредните 18 до 24 месеци.






Ние не би сакале да ги отпуштаме вработените и овој период би го искористиле за обука на вработените и подобрување на перформансите како би го пребродиле овој период.

 

(Став на Виктор Мизо, генерален менаџер на „Костал Македонија“ и претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Стопанската комора на Македонија.)

ИЗВОР: Стопанска комора на Македонија

 

Поврзани содржини