ПОРАДИ НАЈАВЕНИОТ ПОРОЕН ДОЖД Презакажан концертот на Дајте музика
Сите што имаат набавено влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новата дата, 18-ти јуни или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат од продажното место од каде имаат купено влезници во период од 26 мај до 2 јуни).
Поради лошите временски услови кои се најавени за викендов, концертот на Дајте музика ќе се одржи на нов датум – 18 јуни, во сабота, на стадион на АРМ во Скопје.
– Безбедноста нам ни е многу важна, особено кога станува збор за најмладата популација и затоа, се одлучивме концертот да го презакажеме за 18 јуни, а да се одржи на истата бина и со истата продукција (звук, светло, лед екрани) од шоуто на Тиесто. Со тоа, концертот на нашите и ваши омилени „старомаалци“ ќе биде уште поспектакуларен! – соопшти Авалон Продукција.
Сите што имаат набавено влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новата дата, 18-ти јуни или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат од продажното место од каде имаат купено влезници во период од 26 мај до 2 јуни).
Оние што сѐ уште немаат набавено влезници, тоа може да го направат на сите продажни места во мрежата на Авалон низ земјава или онлајн на avalon.mk.