ПОРАДИ МАЛАТА ТРАНСМИСИЈА НА КОРОНА Ќе се прави скрининг во основните и средните училишта
Министерот најави дека методологијата за скрининг на тестирање на ученици во основните и средните училишта ќе се прави со брзи антигенски тестови.
На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче најави дека наскоро ќе започне скрининг во основни и во средни училишта, но деталите ги најави за во следните денови.
– Сакаме скрининг на состојбата, бидејќи децата се често и асимптоматски преносители. Методологијата ќе ја кажеме во следните денови, бидејќи бара согласност од родителите и така натаму – рече Филипче.
Тој најави дека методологијата за скрининг на тестирање на ученици во основните и средните училишта ќе се прави со брзи антигенски тестови.
Според последните податоци на Министерството за образование и наука добиени од училиштата, на дневна основа бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 отсто од вкупно 240 илјади ученици, што, според Министерството е исклучително низок процент.