Популарниот јутјубер ги моли следачите да му ги купат креветите од 90.000 долари
Притоа тој покажа и дел од Инстаграм-разговор, каде што тој практично го моли соговорникот да ги купи креветите…
Популарниот јутјубер Логан Пол им соопшти на своите обожаватели дека се кае „само за две нешта“ во животот… Неговите два Мерцедес-Бенц кревета кои ги купил за 90.000 долари, што сега го оценува како многу глупав потег.
Пол сега гарнитурата ја продава за 20.000 долари.
Притоа тој покажа и дел од Инстаграм-разговор, каде што тој практично го моли соговорникот да ги купи креветите…
„Зошто даде 90.000 долари за кревет, Логан?“, прашува соговорникот, на што Јутјуб-ѕвездата одговара: „Зашто сум идиот… И зашто знам што сакам од тебе.“ – „ЛОЛ („Се смеам на глас“), што сакаш, Логан?“ – „Да ги купиш креветиве“.