ПОМАЛКУ Е ПОВЕЌЕ Зошто на децата не им требаат скапи роденденски забави

Родендените на децата почнаа да се третираат како некаков „доказ“ – дека ги сакаме доволно, дека сме доволно креативни или дека едноставно сме во чекор со другите. Но, децата и нивните пријатели не водат евиденција. Не им треба распоред на активности. Им треба соба полна со пријатели кои се среќни што се таму и дозвола само да трчаат наоколу.

0

– Гледав како џиновски диносаурус, вистински робот како од филмски сет, а не човек во костум, гази низ роденденската забава на четиригодишно дете во Лос Анџелес. Мојот син го погледна и се расплака, и искрено, сакав да го направам истото. Кога растев во 90-тите, врв на прослава беше одењето во игротека, за што дури морав да носам и поубави чевли. Немав поим колку ќе се променат работите кога самата ќе станам родител – пишува Оливија Полок за Motherly.

Денес, детските забави станаа раскошни, со купување скапи подароци, додека порано тоа не беше случај – или се славеше дома ако имаше место за повеќе деца или во игротека.






Оливија, сега мајка на две деца (8 и 5), работи за компанија за планирање настани, што значи дека порано организирала роденденски забави. Таа вели дека детските родендени станале исцрпувачки за родителите.

Притисокот започнува рано

– Сето ова го сфатив на првиот роденден на мојата ќерка, кога сè што ја интересираше во тој момент беше да става работи во уста. Мислев дека сум испланирала убава забава во дворот со тема виножито, виножито од балони, прескапи закуски, агол за боење за постарите деца и ќебиња под сенка за бебињата. Бев толку горда.

Ден претходно, друга мајка ми се јави да праша за „планот“. Кога ѝ кажав за темата, закуските и просторот за играње, имаше пауза. „Што имаш планирано како главна активност?“ праша таа. Немав поим што значи тоа – пишува Оливија.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини