Полугола полицајка во униформа ги покажа градите, МВР покрена дисциплинска постапка
На фотографијата која што кружи на социјалните мрежи се гледа полицајката која што се фотографирала во униформа со вратоврска меѓу градите.
Нa социјалните мрежи кружи фотографија од девојка – вработена во МВР која полугола се сликала во униформа и ја споделила на социјалните мрежи. Поради тоа против неа е покрената дисциплинска постапка.
На фотографијата која што кружи на социјалните мрежи се гледа полицајката која што се фотографирала во униформа со вратоврска меѓу градите.
Инаку, за вакво однесување во минатото биле казнети повеќе вработени бидејќи внатрешната контрола посочува дека е прекршен етничкиот кодекс на однесување кој што мора да се почитува од страна на вработените.
Службеничката работела во Одделот за гранични работи и миграции, односно во секторот за гранична контрола и поддршка при единицата за странци и реадмисија.
Од МВР изјавиле дека случајот е веќе пријавен и дека надлежните служби веќе постапуваат.
– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР постапува во врска со случајот за кој прашувате – изјавиле кратко од МВР.