Полициските специјалци извлекле 66 лица од кризниот регион во Дебар и Центар Жупа

1,470

Полициските специјалци интервенирале во извлекување на 64 лица и две лица вечерта за изолација од четири села во дебарскиот кризен регион, информира министерот за внатрешни рабои Наќе Чулев на прес конференција.

Тие биле извлечени со 24 возила, а станува збор за жители од Тресонче, Манастирец, Осој и Лазарополе.






Министерот информира дека на 17 и 18 март се поднесени 11 кривични пријави против 12 лица поради непочитување на мерките за зашита од коронавирусот, а има и казни за непостапување на  здравствените прописи за време на епидемија и за самоизолација за што пропишаната казна изнесува најмногу до 2.500 евра. Полицијата обезбедува 365 лица под  здравствен надзор, а бројката на тие што се во самоизолација постојано варира и е над 1.000.

Секој кој ќе сака да излезе од држава ќе треба да потпише изјава дека три месеци нема да се врати назад. Исклучок од ова ќе бидат возачите на товарни моторни возила и они кои излегуваат поради здравствени причини, објасни минисерот.

Полицијата извршила 77 контроли на угостителски објекти.

Министерот на новинарско прашање  рече дека се очекува да пристигнат обрасци со 5.000 патни исправи.

До 24 март ќе стасаат и останатите.

Чулев информираше дека вчера во земјава влегле 2.017 македонски граѓани и 807 странци, а излегле вкупно 2.278 лица од кои 951 се македонски граѓани, а 1.327 странци. Тој рече дека најмногу од овие лица се возачи на камиони.

 

Поврзани содржини