Полицискиот час не го почитувале 104, а без маски се фатени 82 лица
Во изминатото деноноќие на 29 лица им се издадени решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација.
Во текот на изминатото деноноќие во земјава 104 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи..
МВР соопшти и дека маски не носеле 82 лица и дека за 24 часа на 29 лица им се издадени решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, и евидентирано е едно лице кое не ја почитувало мерката за изолација.