Полицијата заедно со ЈСП делеа маски и ги советуваа граѓаните за ковид-19

Заедно со полициски службеници од ПС Карпош беа делени заштитни маски на лица кои беа затекнати без нив, со кусо информирање на граѓаните за оваа заштитна мерка донесена во рамки на владините уредби и одлуки за справување со коронавирусот - напиша министерот Чулев. 

264

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈСП Скопје денеска во скопската населба Влае односно на автобуската постојка кај мостот „Влајко“, реализираа превентивни активнсоти во насока на поуспешна превенција во справувањето со актуелната пандемија од Ковид – 19, објави на својот фб профил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

– Заедно со полициски службеници од ПС Карпош беа делени заштитни маски на лица кои беа затекнати без нив, со кусо информирање на граѓаните за оваа заштитна мерка донесена во рамки на владините уредби и одлуки за справување со коронавирусот – напиша министерот Чулев.






Превентивните активности, подвлекува тој, имаат за цел подигнување на јавната свест, а целокуппната кампања има едукативен карактер и тие че траат се додека се на сила мерките и одлуките на Владата по однос на справувањето со епидемијата од Ковид – 19.

Поврзани содржини