ПОЛИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА ДА АПСИ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени 9 лица меѓу нив и малолетник

Девет возачи се приведени за безобѕирно возење, меѓу нив и малолетник кој предизвикал сообраќајна незгода

53

Девет возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие поради опасно и безобѕирно возење, а меѓу нив имало и малолетник кој предизвикал сообраќајка.

Според информациите од полицијата, најголем дел од приведените возеле без возачка дозвола. Такви случаи биле регистрирани во Скопје, Гостивар, Тетово и Штип.

Особено загрижува случајот во Тетово, каде малолетник управувал возило без дозвола и притоа предизвикал сообраќајна незгода.

Во Штип, пак, возач бил фатен зад волан и без дозвола и под дејство на алкохол.

Проблеми имало и во Гевгелија, каде двајца возачи биле затекнати како возат пијани, додека еден управувал автомобил иако имал забрана.

Во Велес, пак, полицијата привела возач кој возел со далеку поголема брзина од дозволената.

По расчистување на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Од полицијата апелираат до возачите да ги почитуваат правилата, да не седнуваат зад волан без дозвола и да не возат под дејство на алкохол.

Поврзани содржини