ПОЛИЦИЈАТА ГИ „ПЕГЛА“ ПЕШАЦИТЕ 155 казни за „претрчувачите преку улица“
Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.
МВР информира дека вчера (27.05.2022) извршиле засилена акциска контрола на територијата на цела Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, санкционирани се вкупно 166 пешаци од кои 155 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, а пет за минување на црвено светло.
За време на контролата регистрирани се и 111 останати прекршоци.
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници – велат од полицијата.