ПОЛИЦАЕЦ ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ Тетовец се судрил со полициски автомобил
Сообраќајката се случила вчера на улица „Јордан Мијалков“ во Скопје.
Во судар на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблички и возило „шкода“ во сопственост на МВР потешко е повреден полицискиот службеник кој управувал со службеното возило. Тој е пренесен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.
„На 15.02.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јордан Мијалков” во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(57) од Тетово и возило „шкода”, сопственост на МВР. Во незгодата со телесни повреди се здобил полицискиот службеник, кој го управувал возилото „шкода”, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје“ – информираат од МВР.