Полицаец испукал од автоматска пушка во Кавадарци, куршумот, за среќа, во таванот

1,246

На 19.07.2020 околу 18.50 часот во просторија во Полициската станица Кавадарци, кај полициски службеник кој бил работно ангажиран, при одложување на службеното оружје, додека во просторијата имало уште четири полициски службеници, дошло до испукување на еден куршум од автоматска пушка во таванот од просторијата. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – се вели во извештајот од МВР.

 

 

Поврзани содржини