ПОКРЕНАТА ТУЖБА ПРОТИВ ПРИНЦОТ ЕНДРУ Сексуално злоставувал 17-годишна Американка (ФОТО)

764

Вирџинија Робертс Џуфре, една од наводните жртви на милијардерот Џефри Епштајн, поднесе тужба против британскиот принц Ендрју пред федералниот суд во Њујорк, изјави во понеделникот нејзиниот адвокат Дејвид Бојс.

Вирџинија Робертс Џуфре (38), која сега живее во Австралија со сопругот и трите деца, рекла дека, против нејзината волја, била принудена да има секс со британскиот принц три пати во 2001 година, кога имала 17 години.






Таа бара надомест од нејзиниот наводен злоставувач за физичката и менталната болка што ја претрпела.

– Ако сега не го тужеше, ќе му дозволеше да ја избегне одговорноста за неговите постапки. Вирџинија сака да се избегнат ситуациите во кои богатите и моќните луѓе бегаат од одговорноста за своите постапки – рекол Бојс, пренесува „Еј-би-си њуз“.

Според тужбата, принцот Ендрју „злоупотребувал исплашено, ранливо дете без никој да го заштити“, поради што одамна требало да одговара.

„Сметам принцот Ендру е одговорен за она што ми го направи. Моќните и богатите не се ослободени од одговорноста за своите постапки. Се надевам дека и другите жртви ќе видат дека е можно да не живеат во тишина и страв, туку дека може да се врати животот зборувајќи за злоставувањето и барајќи правда“, навела во соопштението на Вирџинија Робертс Џуфре.

Вирџинија Робертс Џуфре во 2014 година поднела тужба до државниот суд во Флорида, наведувајќи дека милијардерот и осудениот педофил Џефри Епштајн ја подведувал на своите пријатели поради секс кога била малолетна. Како што подоцна таа тврдеше, меѓу злоставувачите бил и принцот Ендрју, другиот син на кралицата Елизабета Втора.

Епштајн, кој беше уапсен во државата Њујорк во јули 2019 година, под обвинение за проституција, сексуална злоупотреба и подведување на малолетнички, изврши самоубиство во својата затворска ќелија на 10 август 2019 година, пред да започне судењето.

SKANDAL TRESE KRALJEVSKU PORODICU, princ optužen za silovanje maloletnice!

Поврзани содржини