ПОГОЛЕМО ПАКУВАЊЕ, А ИСТА ЦЕНА Изненадување од Бимилк за љубителите на млечни производи

Акцијата ќе трае еден месец сѐдо потрошување на количините во маркетите.

149

Бимилк деновиве излегува на пазарот со гратис количина на омилените млечни производи, сега достапни во поголеми пакувања, а по истите цени како постоечките производи. Акцијата ќе трае еден месец сѐдо потрошување на количините во маркетите.

– Додека се соочуваме со предизвиците на зголемената инфлација, која предизвика раст на цените во сите индустрии Бимилк деновиве излегува на пазарот со гратис количина на омилените млечни производи – соопшти компанијата.






Производите се достапни во поголеми пакувања, а по истите цени како постоечките производи до сега:

Битолски јогурт 1450 грама + 250 грама,

Битолски густ јогурт 1450 грама + 250 грама,

Баланс+ 1450 грама + 250 грама и

Битолско кисело млеко 400 грама + 80 грама.

– Сметаме дека нашите производи се неприкосновен дел од секојдневната здрава исхрана, а Бимилк како компанија која создава производи со врвен квалитет – докажан повеќе од 70 години, секогаш е посветена да ги задоволи потребите на нашите потрошувачи. Секој денар е важен, а ова се времиња кога тоа особено значи. Токму затоа оваа кампања има за цел да ја покаже нашата благодарност кон верните потрошувачи и нивната лојалност. Активно ги следиме нивните потреби и оваа кампања е одговор на тоа – изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер на Бимилк.

Оваа понуда може да се искористи со посета на најблиската продавница во која ќе го најдете омилениот вкус на јогурт и кисело млеко.

Бимилк е општествено одговорна компанија која е посветена на обезбедување најквалитетни млечни производи секогаш достапни за своите потрошувачи, а оваа кампања е еден од начините да се покаже таа посветеност, особено сега кога овие промени на цени влијаат врз куповната моќ.

Поврзани содржини