ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДА ВИЛАТА НА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ Пејачката го покажа луксузот во кој ужива со Бен Афлек (ВИДЕО)

Латино дивата Џенифер Лопез ги отвори вратите на својот нов луксузен дом на Беверли Хилс и го покажа рајот во кој ужива со својот сопруг Бен Афлек.

321

Латино дивата Џенифер Лопез покажа како изгледа раскошниот дом во Лос Анџелес каде што живее со сопругот Бен Афлек и своите деца.

Во пресрет на проектот на којшто работи, пејачката ја отвори вратата на својата вила на американскиот „Вог“, кога одговарала на 73 прашања.






Првото прашање кое новинарот ѝ го поставил гласело: „Која е најголемата разлика да живееш во Лос Анџелес и во Бронкс?“

„Поголем плакар“, смеејќи се одговорил Џеј Ло.

Џенифер ги пречекала присутните потпирајќи се на влезната врата, која открила огромно фоаје со скап клавир, како и голема маса украсена со многу детали, меѓу кои и фотографии од Бен и од нивната венчавка.

Погледнете го луксузниот дом. Кој не би сакал да живее тука!

Поврзани содржини