Погледнете го трејлерот за документарецот за Џими Картер: Рокерот од Белата куќа (ВИДЕО)
Во филмот се појавуваат Боб Дилан, Нил Роџерс, Вили Нелсон, Боно и други.
Документарниот филм наречен „Jimmy Carter: Rock & Roll President“ ќе биде прикажан онлајн на 9 септември.
Станува збор за 96 минутен документарец кој го режираше Мери Вартон и кој говори за големата страст за рокенролот на американскиот претседател Џими Картер, како и користењето на овој вид музика во неговите кампањи, како и односите кои ги имал со бројните рок-ѕвезди.
Па така во филмот се појавуваат Боб Дилан, Нил Роџерс, Вили Нелсон, Боно и други. По виртуелната премиера на 9 септември најавено е дека филмот ќе биде достапен и за физичко гледање од 9 октомври.