📷 ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВА ЛУДИЛО, ВО КОЛАТА НОСЕЛ ПОЗЛАТЕНИ КАЛАШНИКОВИ! Кој е осомничениот за убиството што ја фрли Словенија во хаос

Убиениот Алеш бил популарен кафанџија во Ново Место, од Кого пријателите и јавноста трогателно се простуваат.

7,111

Словенија сè уште е потресена од случајот на насилство што се случи во раните утрински часови во саботата, поради кој јавноста се вознемири, а двајца министри од владата на премиерот Роберт Голоб поднесоа оставки.

Група Роми го нападнала 48-годишниот Алеш Шутар пред познат бар во Ново Место, околу 2:30 часот наутро, кога дошол по својот син. Синот го повикал бидејќи Ромите му се заканувале. Алеш бил толку брутално претепан пред барот, што со тешки повреди на мозокот бил пренесен во итната помош во Ново Место.






По крвавите настани во ноќта во Ново Место, полицијата уапсила 21-годишен осомничен. Младиот Ром Сабријан Јуркович во моментов е во притвор. Од претходно ѝ е познат на полицијата. Неофицијално, се верува дека тој бил единствениот кој го нападнал мажот, иако полицијата ја истражува можноста дека во нападот биле вмешани и други лица.

На неговиот профил на социјалните мрежи може да се видат фотографии со автоматски пушки, како и опседнатост со оружје и брзи автомобили. На една од фотографиите се гледаат позлатени автоматски пушти од марката Калашников.

Убиениот Алеш Шутар бил познат угостител кој го водел пабот „При водњаку“ на главниот плоштад во Ново Место. Пријателите и познаниците го викале Ацо. Социјалните мрежи се преполни со објави во кои тие што го познавале се простуваат од омилениот угостител.
„Семејството изгуби сопруг и татко, а ние — секогаш насмеаниот келнер од ‘При водњаку’“, стои во една од бројните објави.

Снимката од тепачката пред познатиот клуб во Ново Место, која е со вознемирувачка содржина, кружи на социјалните мрежи. На видеото се гледа човек кој неподвижно лежи на тротоарот. Не е јасно дали тоа е Алеш, а се слушаат и очевидци кои се обидуваат да го смират напаѓачот.

Во неделата, министерот за правда Андреја Катич и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар поднесоа оставки.

Граѓаните на Ново Место вчера и денеска се простуваа од убиениот Алеш Шутар и палеа свеќи на градскиот плоштад.

Поврзани содржини